Франција: Мобилизирани против Барние, Макрон и Ле Пен! Share TweetПо седум недели одложувања и серија „консултации“, францускиот претседател Макрон вчера го објави назначувањето на Мишел Барние за премиер. Тој доаѓа од редовите на традиционалната централно-десничарска партија Ле Републикaн (Les Republicains), која беше четврта на парламентарните избори на коишто левичарската Нуво фрон популер или Нов народен фронт (НФП) освои најмногу места.[Source]Овој стар галистички политичар, докажан реакционер и деклариран поддржувач на „мораториум на имиграцијата“ ја доби очајната мисија да формира влада што може да издржи додека не се распишат нови избори.Влада оставена на добрата волја на РННа француската буржоазија и е потребна влада која може да го стави товарот на кризата врз грбот на работничката класа. Во отсуство на мнозинство во Националното собрание, Мишел Барние ќе мора да се обиде да владее со преговори за поддршка или воздржување на Расамблеман Насионал или Национален собир (РН) на Ле Пен од случај до случај. Всушност, судбината на владата на Барние е во рацете на РН.Така, таканаречениот „републикански фронт против РН“, прогласен од НФП меѓу двата круга на изборите, резултираше со тоа што Макрон му ја довери функцијата премиер на член на ЛР, партија којашто одби да учествува на истиот овој „фронт“, а чија влада на крајот ќе зависи од добрата волја на Марин Ле Пен.РН, исто така, за назначувањето на Барние игра таму ваму. Во четвртокот наутро, заменик-претседателот на пратеничката група на РН, Жан-Филип Танги, го опиша сегашниот премиер како „фосил“ од „Паркот Јура“. Сепак, попладнето истиот ден, Марин Ле Пен објави дека нејзината партија нема автоматски да ја осуди владата на Барние туку ќе го чека говорот за политичките цели да одлучи за нејзиниот став. Преку оваа уцена за рушење на кревката нова влада, РН има намера да ја диктира својата политика врз новата влада.Сепак, не е сè толку едноставно. Ако РН сака еден ден да дојде на власт, мора да продолжи со својата социјална демагогија. Пред само неколку дена, пратеникот на РН, Себастиан Чени, изјави: „Ќе предложиме укинување на пензиската реформа на 31 октомври“ – односно на омразеното зголемување на старосната граница за пензионирање што Макрон го изнуди во собранието минатата година.Тешко е да се спои овој проект со поддршка на владата предводена од Мишел Барние, верен следбеник на последната реформа на пензискиот систем. Опто земено, владата ќе има основна задача за спроведување на мерките на штедење со кои РН нема да сека да се поврзе премногу отворено, поради страв од исфлекување на своите „антиестаблишмент“ заслуги. Затоа е многу веројатно дека РН ќе мора на крајот да отфрли следната влада – кога ќе проценат дека е дојдено време за тоа.Режимот во кризаКолкав и да биде животниот пат на владата на Барние, таа само же означи нов стадиум на кризата на режимот на францускиот капитализам. Низ очите на народот, авторитетот и легитимноста на демократските институции на владејачката класа се ослабени со парламентарната сага ова лето. Неколку недели, речиси едногласно омразениот претседател се преправаше и ги игнорираше резултатите од изборите, пред да му ја довери владата на претставник на партија што освои околу 2 милиони гласови од вкупно 30 милиони што учествуваа во првиот круг, односно освои околу 6,5 отсто гласови.Единствен начин да се присилат Барние, Макрон и Ле Пен да отстапат е да се мобилизираат работниците од што е можно повеќе сектори на стопанството / Image: IAEA Imagebank, FlickrЗа многу работници и младинци, оваа епизода е урок во стварноста на буржоаската демократија, којашто е наклонета кон владејачката класа. На 30 август, еве што изјави анонимен читател за весникот Ле Монд:„Пензинските реформи покажаа дека ни демонстрации, ниту петиции, ни мобилизација на синдикатите, на огромното мнозинство на здруженија, а ниту пак мислење на мнозинството граѓани, па дури и мнозинството пратеници има значење за властите. А овие настани докажаа и дека и гласањето не им значи ништо доколку не оди во нивен прилог. Се чини дека Макрон навистина отстапи само кога движењето жолти елеци стана насилно. Макрон постојано ги критикува „екстремите“, но ја подгрева идејата дека ако не сме насилни во ова општество, нашите гласови се неми.“Мобилизација!Иако Националното собрание е доминирано од буржоаски партии со две третини, единственото решение за одбрана на животните стандарди на работниците и младината е во вонпарламентарната мобилизација. Режимот е ослабен; работничкото движење мора да ја искористи шансата и да прејде во напад.Повикот на Федерацијата на ЦГТ (ФНИЦ) за „радикален“ и испланирано „долг“ штрајк е чекор во вистинскиот правец, како и тој на Непокорена Франција на демонстрациите против Макрон. Овие први чекори треба да продолжат со следни. Единствениот начин да се присилат Барние, Макрон и Ле Пен на отстапки е да се мобилизираат работниците од што е можно повеќе сектрои на стопанството во масовен и координиран штрајк, со кој ќе се цели на окончување на штедењето и капитализмот.Додека работничката класа го произведува целото богатство на општеството, политиката на земјата е регулирана со аранжмани меѓу буржоаските политичари, кои се согласуваат во неопходноста од удирање по грбот врз работниците и младите, а со цел да се бранат профитите на малото малцинство експлоататори.За да се урне овој систем на умирање, се бара лидерство способно да брани револуционерна програма и перспективи и да се поврзе со авангардата на работничката класа; потребна е вистинска револуционерна комунистичка партија. Токму ваква партија градиме. Придружи ни се!